ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПИСТАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ОД НЕДЕЛА ЛЕТОВИ ПРЕКУ ЦЕЛ ДЕН

    ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПИСТАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ОД НЕДЕЛА ЛЕТОВИ ПРЕКУ ЦЕЛ ДЕНПреслекувањето на пистата со нав асфалт одеше само денски од 28 март годинава. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Заврши реконструкцијата на пистата на Меѓународниот аеродром Скопје. Како што информираа од ТАВ Македонија градежните работи се завршени и од утре од 17 часот летовите се нормализираат односно ќе се одвиваат во текот на целото деноноќие.

    „Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека  успешното завршување на проект од овој вид, за првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година ,ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги“, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

    Градежните работи за рехабилитација на пистата на Меѓународниот аеродром Скопје почнаа на 28 март и оттогаш досега распоредот на летови беше изменет односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата.

    Пистата на Меѓународниот аеродром Скопје е долга 2.950 метри и широка 45 метри. Последен пат пистата е реконструирана во 1996, кога аеродромот беше целосно затворен за сообраќај во период од 2,5 месеци, а авиосообраќајот префрлен на охридскиот аеродром.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира