ЗБОРУВАВ СО ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР, БРЗО ЌЕ ГО РАТИФИКУВААТ ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО, КАЖА ЗАЕВ

    ЗБОРУВАВ СО ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР, БРЗО ЌЕ ГО РАТИФИКУВААТ ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО, КАЖА ЗАЕВРатификацијата на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО се одолговлечи во Шпанија поради вонредните парламентарни избори. - Заев на партиска трибина во Велес (Фото: СДК.МК)

    Земјава ќе стане членка на НАТО до крајот на јануари, кажа синоќа премиерот Зоран Заев, на партиската трибина „На прав пат“, на СДСМ во Велес. Тој вели дека разговарал со шпанскиот премиер Педро Санчес, кој му кажал дека брзо ќе формира влада по вонредните парламентарни избори на 10 ноември.

    „Вчера имав прилика да зборувам со шпанскиот премиер. Шпанија бргу ќе формира Влада. Ќе имаме ратификација за НАТО која ја очекуваме. На крајот на ноември Франција исто така ќе го ратификува во парламентот, оти веќе сенатот заврши. Така сите земји ќе ги ратификуваат протоколите. Верувам дека во јануари, на свечен начин, македонскиот парламент ќе на направи последната ратификација, како 30. земја членка. Со тоа ќе станеме земја членка на НАТО“, кажа Заев од говорницата во Велес.

    Шпанија и Франција останаа последни од 29-те земји членки на НАТО кои треба да го ратификуваат Пристапниот протокол.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира