ЗЕЛЕНСКИ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА КОВАЧЕВСКИ, ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ПОДГОТВУВА НОВ ПАКЕТ ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА

    ЗЕЛЕНСКИ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА КОВАЧЕВСКИ, ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ПОДГОТВУВА НОВ ПАКЕТ ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНАПремиерот Ковачевски кажа дека Македонија ќе продолжи да ѝ помага на Украина сè додека тоа е потребно. (Фото: Влада)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на македонскиот премиер Димитар Ковачевски за политичката и воената поддршка, откако двајцата синоќа се сретнаа во Атина.

    Во објава на „Телеграм“, Зеленски кажа и дека Македонија подготвува нов пакет воена помош за Украина. Македонија досега ѝ донираше на Украина тенкови Т-72, авиони Су-25 и хеликоптери Ми-24 и по глава на жител е еден од најголемите донатори.

    Ковачевски, пак, кажа дека Македонија ќе продолжи да ѝ помага на Украина сè додека тоа е потребно, преку испраќање помош кон Украина, како што тоа го правеше и досега.

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера во Атина организираше неформална вечера по повод навршувањето на 20 години од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун и Солунската декларација.

    Покрај Ковачевски и Зеленски, на неформалната вечера присуствуваа претседателите на Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен од ЕУ, лидерите на земјите од Западен Балкан – Александар Вучиќ Јаков Милатовиќ, Борјана Кришто и Албин Курти, како и Андреј Пленковиќ, Марсел Чолаку и Николај Денков.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира