Скопје денеска во 12.52 часот го погоди уште еден земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 4 километри југоисточно од центарот на градот на длабочина од 5 километри, објави Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар.
Ова беше прв поголем потрес по серијата земјотреси минатиот месец. Најсилниот од 5,2 степени се случи на 11 септември, а во наредните неколку дена имаше десетина афтершокови.