ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,4 СТЕПЕНИ УТРОВО ВО АЛБАНИЈА, СИЛНО СТРЕСЕ И ВО МАКЕДОНИЈА

    ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,4 СТЕПЕНИ УТРОВО ВО АЛБАНИЈА, СИЛНО СТРЕСЕ И ВО МАКЕДОНИЈАСпоред Австралиската сеизмичка опсерваторија, земјотресот бил на длабочина од 37 километри.

    Земјотрес со магнитуда од 6,4 степени со епицентар кај Драч, Албанија утрово во 3.54 часот беше почуствуван и во Македонија. Во Скопје потресот траеше 15-на секунди, а се почувствувал и во Бугарија, Босна, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Италија.

    Според Австралиската сеизмичка опсерваторија, земјотресот бил на длабочина од 37 километри. Земјотресот удрил на 10 км северозападно од Шијак. Ова е втор голем потрес по оној со магнитуда од 5,6 на 21 септември, кој оштети околу 500 куќи и за кој Министерството за одбрана на Албанија рече дека е најсилен во последниве 30 години.

    Засега нема информации за евентуални штети во епицентралното подрачје.

    Во Скопје последен пат волку силен земјотрес се почувствува на 14 мај 2017 со магнитуда од 4,2 степени, кој според сеизмолозите тој беше афтершок од потресот на 11 септември 2016 од 5,3 степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира