ЗЕМЈОТРЕСЕН КАМП КАЈ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗЕМЈОТРЕСЕН КАМП КАЈ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА

    Трето утро паркот кај Американската амбасада е преполн со исплашени луѓе од земјотресите. Паркот почна да се полни уште по првите земјотреси во неделата наутро и со секој нов земјотрес бројот на камперите се зголемува. Од вчера таму се прават ручеци на плински решоа, а во тревата луѓето почнаа да си прават цели дневни соби. Поставуваат тенди, шатори, теписи и воопшто не се враќаат дома. По синоќешниот земјотрес зеленилото беше пренаселено.
    Од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) велат дека не е чудно чудо токму тој дел на градот да е во голема паника.
    „Градбите во близина се ниски ѕидани куќи во кои вакви локални земјотреси силно се чувствуваат. Токму во ваквите градби, земјотресите со јачина до 5 степени според Рихтер може да предизвикаат одвојување на ѕидови и пукнатини. Оние што имаат конструкција со бетонски столбови, не би требало да имаат оштетувања на конструкцијата, но може да се случи пукање на ѕидовите“, велат од ИЗИИС.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира