Желбата на граѓаните Северна Македонија да го заземе местото во западните институции ќе стане реалност оваа година, кажа в.д. амбасадорката на САД Микаела Швајцер-Блум на денешното одбележување на 4 Јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.
Таа кажа дека САД и во иднина ќе бидат не само пријатели и партнери на зeмјава туку и сојузници.
„САД со натрпение чекаат во наредните месеци да ѝ посакаат добредојде на Северна Македонија како 30. члeнка на НАТО, а исто така силно го поддржуваме и почнувањето на пристапните преговори со ЕУ што е можно побрзо“, рече Швајцер-Блум.
Прославата во дворот на амбасадата оваа година беше со амбиент од американските панаѓури, кои токму на 4 јули почнуваат да се одржуваат низ целата земја.
На приемот дојдоа премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, министри, градоначалници, пратеници, амбасадори.
А. АНТЕВСКА