Женско тело во распаѓање, завиткано во црна најлон ќеса, вчера било најдено крај патот на скопското село Горно Оризари. Институтот за судска медицина го утврдува идентитетот на мртвата жена и наскоро се очекуваат официјални резултати за името, возраста државјанството на починатата и дали имало траги на насилство.
Истрагата засега само претпоставува дека е насилство, со оглед на фактот што жената не била закопана, туку завиткана во најлон и фрлена крај пат.
Истрагата ја води Скопското Основнотојавно обвинителство, кое од Судска медицина очекува евентуални отисоци од сторител и други траги.
Фрлената жена случајно ја нашол вработен во ЈП Комунална хигиена.
С. К. ДЕЛЕВСКА