ЖРТВИТЕ ТРЕБА ДА СЕ НАГРАДУВААТ, А НЕ ЦИНИЧНО ДА СЕ ИГНОРИРААТ, ВЕЛАТ ЗАЕВ И ЦИПРАС ВО ЗАЕДНИЧКА КОЛУМНА ПО ПОВОД ГОДИШНИНАТА ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

    ЖРТВИТЕ ТРЕБА ДА СЕ НАГРАДУВААТ, А НЕ ЦИНИЧНО ДА СЕ ИГНОРИРААТ, ВЕЛАТ ЗАЕВ И ЦИПРАС ВО ЗАЕДНИЧКА КОЛУМНА ПО ПОВОД ГОДИШНИНАТА ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОРЗаев и Ципрас сметаат дека кршењето на Договорот дополнително ќе го дестабилизира регионот и ќе доведе до егзистенцијален предизвик за иднината на Македонија (Фото: СДК.МК)

    Преспанскиот договор ѝ даде нов моментум на европската перспектива на Западен Балкан, ја обнови улогата на ЕУ во регионот и ја нагласи важноста на трансатлантската соработка во промовирањето на мирот и стабилноста, велат бившите премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во нивната заедничка колумна на сајтот „Јурактив“. Сепак, тие додаваат дека шест години подоцна, моментумот на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е загрозен и губи на сила, додека пристапниот процес на Македонија прво беше блокиран од Франција, а сега од Бугарија.

    ЕУ и меѓународната заедница мора јасно да стават до знаење дека почитувањето на Договорот е единствениот пат кон натамошната демократска интеграција, европскиот пристап и претпристапната поддршка. Неговото кршење дополнително ќе го дестабилизира регионот и ќе доведе до егзистенцијален предизвик не само за европската иднина на Северна Македонија, туку и за нејзината иднина во целина. Во исто време, ако овој услов е целосно испочитуван, ЕУ мора да заземе проактивен, етапиран пристап кон проширувањето, како што е предложено од многумина европски претставници и експерти. На сите земји во регионот мора да им биде јасно дека мирното решавање на разликите има придобивки за луѓето на Балканот и нивното раководство. Жртвите треба да се наградуваат, а не цинично игнорираат“, велат тие во колумната.

    Заев и Ципрас велат дека Преспанскиот договор е заснован врз заемното почитување на националните позиции на двете земји, постави темели за градење стратешки односи помеѓу двете земји и беше поздравен од Европа и пошироко како најважната и најуспешна дипломатска иницијатива за мир во последно време.

    Додека екстремната десница добива сила, демократските, умерените и прогресивните лидери мора да соработуваат и да ги удвојат своите напори да се спротивстават на национализмот и националното повлекување. Самото нагласување на придобивките од европското единство не е доволно. Единствениот начин да се застане цврсто на европските вредности во денешниот свет е да се биде проактивен во донесувањето одлуки, за кои сите знаеме дека се неопходни, и покрај нивната политичка цена“, пишуваат тие во колумната.

    Во таа насока, на 17 и 18 јуни, што се совпаѓа со шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, ќе се одржи Меѓународна конференција за мир и одржлив раст во Атина, со учество на лидери и функционери од демократскиот политички спектар и експерти од целиот свет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира