ЗЛОДЕЛАТА НА ИВАНОВ НЕ ЗАСТАРУВААТ, ПРЕДУПРЕДИ ЏАФЕРИ

    ЗЛОДЕЛАТА НА ИВАНОВ НЕ ЗАСТАРУВААТ, ПРЕДУПРЕДИ ЏАФЕРИСобранискиот спикер Талат Џафери денеска го имаше првиот брифинг со медиумите откако е дојден на функцијата. (Фото: Ф. Златку)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери на новинарско прашање на првиот брифинг со медиумите откако е на функцијата рече дека импичмент против претседателот Ѓорге Иванов во Собранието може да се покрене во секој момент, но дека во суштина би бил во овој момент беспредметен.

    Но, рече Џафери, злоупотребите на функцијата не застаруваат и секогаш кога ќе се создадат услови, Јавното обвинителство може да покрене постапка за кривична одговорност против носителот на највисоката државна функција. Собранискиот спикер, околу евентуалното поднесување на импичмент против Иванов, бидејќи со месеци го развлекува давањето мандат за формирање влада на новото парламентарно мнозинство, објасни дека во моментов нема двотретинско мнозинство за да помине тој импичмент во Парламентот и Иванов да биде разрешен од функцијата.

    Џафери на денешниот брифинг потврди дека планира првата собраниска седница да биде за избор на нова влада, но рече дека влета потребата да се регулура локалната власт бидејќи новите лоални избори требаше да се оддржат в недела, а тие не се ни закажани, па затоа двете седници можат да се водат паралелно.
    Имав средба со лидерите на ДУИ, СДСМ и со претставник од ВМРО-ДПМНЕ, на кои им укажав дека политичките партии се засегнати со овие избори и оти партиите треба да седнат и да се договорат за датум за локални избори. Тие имаат обврска што побргу да се договорат. Зашто без датум на избори не може да се оди на измена на изборниот Законик. Овој пат се работи директно за интересите на граѓаните, па оставам на совеста на партиите. И јас сум тука, ќе работам 24 часа, Собранието им е на располагање, сè’ може да се заврши во еден ден”, апелираше претседателот на Собранието Џафери до партиите да направат сè за да не дојде до блокирање на општините и да настрадаат граѓаните.

    С.К.ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира