ЗОРАН И ЗОРИЦА СЕ СЛИКАА СО ДОНАЛД И МЕЛАНИЈА

    ЗОРАН И ЗОРИЦА СЕ СЛИКАА СО ДОНАЛД И МЕЛАНИЈААмериканскиот претседател традиционално организира прием за време на Генералното собрание на ОН. - Зоран Заев со сопругата Зорица и Доналд Трамп со Меланија (Фото: Фејсбук/Зоран Заев)

    Премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица се фотографираа со Доналд и Меланија Трамп на дипломатскиот прием што традиционално го организира американскиот претседател како домаќин за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

    „Дипломатскиот прием организиран од претседателот Трамп во чест на 72. ГС на ОН е убава можност за зацврстување на пријателствата и остварување идни соработки во интерес на нашите држави“, објави утринава Заев на Фејсбук, покрај фотографијата со американскиот претседател и првата дама.

    Од владиниот сектор за односи со јавноста информираа дека Заев денеска ќе има билатерална средба со белгискиот премиер Чарлс Мишел, а ќе присуствува и на приемот по повод кандидатурата на Германија во Советот за безбедност, организиран од заменик канцеларот и министер за надворешни работи Зигмар Габриел, во име на канцеларката Ангела Меркел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира