Претседателот на Советот на јавните обвинители Петар Аневски не кажува како ќе се изјасни за разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски за кого вчера владата ја почна процедурата за негова смена.
Но, на новинарско инсистирање каков е неговиот личен став, Аневски рече: „Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски е перфектен во извршувањето на неговата функција. Немам забелешки на неговото работење”.
Тој кажа дека се уште до Советот не стигнало барањето од Владата Советот да даде мислење за разрешување на Зврлевски.
С. К. ДЕЛЕВСКА