Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 125 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.019 тестирање, соопшти Министерството за здравство. Од овие 125 случаи, 89 се од Скопје, 11 од Тетово, 8 од Охрид, 4 од Куманово, 3 од Струга, по 2 од Штип, Прилеп и Струмица и по 1 од Велес, Гостивар, Кичево и Ресен.
Министерството за здравство соопшти и за седуммина починати пациенти со КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46) која починала при прием во амбулантата. Во болницата „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.
Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.