АКО САМИ НАПРАВИТЕ КРАТКА АНАЛИЗА ЌЕ ВИДИТЕ КОМУ МУ ОДГОВАРААТ ПОЖАРИТЕ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    АКО САМИ НАПРАВИТЕ КРАТКА АНАЛИЗА ЌЕ ВИДИТЕ КОМУ МУ ОДГОВАРААТ ПОЖАРИТЕ, ВЕЛИ МИЦКОСКИПремиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Јегуновце на увид во градежни активности на детска градинка во населеното место Вратница. (Фото: Влада)

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно кажа дека зад серијата подметнати пожари стојат политички мотиви, додавајќи дека е лесно да се заклучи кој има интерес од ширење страв и паника меѓу граѓаните пред изборите. Според него, станува збор за „центри на моќ“ кои се обидуваат да предизвикаат нестабилност.

    Поводот за неговата изјава е утринскиот пожар во населбата Пинтија во Скопје, за кој рече дека постои и видеоснимка како дрско се подметнува.

    „Тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време, дека за жал, постојат центри на моќ кои што се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите. И одговорот на прашањето кому тоа му одговара, мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите, ако направите“, изјави Мицкоски во Јегуновце.

    Тој рече дека врвот на МВР веќе заседава и дека се идентификувани околу дваесетина лица за кои постои сомневање дека се вмешани во случаите. Мицкоски најави и координирана акција меѓу МВР и Министерството за животна средина, која ќе се спроведе врз основа на дојави собрани во изминатите денови.

    „Тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме и на крај повторно ќе победиме“, рече премиерот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира