ЕДЕН РАБОТНИК ЗАГИНА, ТРОЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ГИ ЗАТРУПА ЗЕМЈА ПРИ ИСКОП НА ГРАДИЛИШТЕ ВО СКОПСКА КИСЕЛА ВОДА

    ЕДЕН РАБОТНИК ЗАГИНА, ТРОЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ГИ ЗАТРУПА ЗЕМЈА ПРИ ИСКОП НА ГРАДИЛИШТЕ ВО СКОПСКА КИСЕЛА ВОДАСпоред првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, а загинатиот е 34-годишик. (Фото: СДК.МК)

    Еден градежен работник загина, а тројца се повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода. Тројцата се спасени и се донесени на Ургентниот центар, едниот е со скршеници, другите двајца се со полесни повреди, ни изјави директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), д-р Игор Мерџаноски.

    Д-р Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје, за МИА изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, како што рече, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.

    „Интервениравме со четири амбулантни возила“, рече д-р Панов.

    Министерството за внатрешни работи МВР) претходно информираше дека изутринава во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице, велат од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира