ИГОР ДУРЛОВСКИ ЈА НАСОЧУВАШЕ ТОЛПАТА ВО СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШУТКА КУРТО ДУДУШ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    ИГОР ДУРЛОВСКИ ЈА НАСОЧУВАШЕ ТОЛПАТА ВО СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШУТКА КУРТО ДУДУШ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛНа денешното судење, Курто Дудуш рече оти мислел дека никој нема жив да излезе од Собранието. - Сведокот Курто Дудуш пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, кој за време на организираниот напад на Собранието на 27 април лани беше пратеник, во своето сведочење денес рече дека пред салата за прес-конференции го видел обвинетиот Игор Дурловски како ја насочува толпата.

    „Јас бев во галеријата. Кога толпата насилно влезе долу во прес-центарот и горе кај нас, јас успеав да излезам од таму. Симнувајќи се по скалите во ходникот пред прес-центарот го видов лицето Игор Дурловски, не сум сигурен, но мислам дека додека стоеше ги насочуваше луѓето кај да одат. Не сум сигурен, но мислам дека и кон мене испрати луѓе велејќи им ’и овој е еден од нив‘. Јас бев на скалите успеав, да ги оттурнам кога пробаа да ме нападнат. Потоа обезбедувањето на Собранието ме однесе во една канцеларија“, сведочеше Дудуш на денешното рочиште на судењето, во кое 33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието.

    Во сведочењето тој рече оти мислел дека никој нема жив да излезе од Собранието.

    Денеска ќе сведочат и заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, кој за време на нападот на Собранието на 27 април беше обезбедување на Оливер Спасовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира