ИЗЛЕЗНОСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Е 46,48%, ВО ТРИ ОПШТИНИ ГЛАСАЛЕ ПОМАЛКУ ОД ПОТРЕБНИТЕ ЕДНА ТРЕТИНА ИЗБИРАЧИ

    ИЗЛЕЗНОСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Е 46,48%, ВО ТРИ ОПШТИНИ ГЛАСАЛЕ ПОМАЛКУ ОД ПОТРЕБНИТЕ ЕДНА ТРЕТИНА ИЗБИРАЧИСите гласачки места биле отворени навреме и немало никакви проблеми во гласањето, кажа ДИК (Фото: К. Попов)

    Заврши гласањето на локалните избори во Македонија и до 18:30 часот била забележана излезност од 46,48%, што е помалку од претходните избори пред четири години, кога одзивот бил 49,98%.

    Во Скопје севкупно гласале 46,64% избирачи, а по општини, излезноста во Аеродром е 45,57%, Бутел 49,70%, Гази Баба 41,97%, Ѓорче Петров 45,09%, Карпош 49,92%, Кисела Вода 46,25%, Сарај 55,20%, Центар 49,41%, Чаир 51,27% и во Шуто Оризари 35,33%.

    Меѓу општините со најголема излезност се Новаци со 73,7%, Дојран 72,88%, Лозово 71,98%, Росоман 71,75% и Чашка 71,63%, во Битола гласале 45,76% избирачи, Велес 40,06%, Кавадарци 53,33%, Куманово 44,84%, Тетово 46,77%, а во Струмица 51,54%.

    Државната изборна комисија соопшти дека во три општини излезноста била помала од една третина од запишаните избирачи: Центар Жупа 21,30%, Маврово-Ростуше 28,58% и Врапчиште 21,41%.

    Доколку на изборите во една општина не излезат доволен број гласачи, односно повеќе од една третина, се повторува целокупната изборна постапка во рок од 60 дена“, кажа претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

    Тој кажа дека сите гласачки места биле отворени навреме и немало никакви проблеми во гласањето.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира