ДА ЗНАЕТЕ ШТО СЀ ЈАС ЗНАМ ОД БОМБИТЕ ЗА МНОГУ ЛУЃЕ, НЕМАШЕ ДА БИДАМ СЕГА ОВДЕ, АМА ОД СЈО НИ ЗБОР, НИ БУКВА НЕ ИЗЛЕЗЕ, ЈА ПОЧНА ОДБРАНАТА КАТИЦА ЈАНЕВА

    ДА ЗНАЕТЕ ШТО СЀ ЈАС ЗНАМ ОД БОМБИТЕ ЗА МНОГУ ЛУЃЕ, НЕМАШЕ ДА БИДАМ СЕГА ОВДЕ, АМА ОД СЈО НИ ЗБОР, НИ БУКВА НЕ ИЗЛЕЗЕ, ЈА ПОЧНА ОДБРАНАТА КАТИЦА ЈАНЕВАКатица Јанева на денешното судење за „Рекет“ го потсети судот дека после неа, практично нема обвинител што обвинил високи функционери. (Фото: СДК.МК)

    Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ја почна својата одбрана како второобвинета  во случајот “Рекет”. Таа за првпат зборува пред судот.

    Уште на почетокот, зборувајќи колкава одговорност и колкав обем на работа имале таа и тимот, рече дека јавноста за првпат слушнала глас на јавен обвинител. Стоејќи на обвинителна клупа пред обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска, рече дека не само да навредува во диспозитивот на обвинението, треба и да работи.

    „Да знаете вие што се знам јас од тие фајлови за многу луѓе, немаше јас овде да бидам. Но, збор не излезе од СЈО, ни буква! Затоа што работат по законот, зашто моите обвинители на тоа се обврзаа и затоа јас многу ги почитувам! Се надевам дека фајловите се сè уште во зградата на Специјалното јавно обвинителство, каде се наоѓаат во специјални сефови. Јас ги набавив тие сефови, неуништиви се. Може да горат на лава еден час и да не се стопат”, зборуваше Јанева на директни прашања од нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.

    Потоа го потсети судот дека после неа, практично нема обвинител што обвинил високи функционери, за кои се уште траат некои судења токму во Кривичниот суд, и оти тоа беше прв и засега, последен пат да бидат обвинети високи функционери.

    Јанева и Бојан Јовановски се обвинети за рекетирање, ги пријави Орце Камчев, осомничен во големата финансиска истрага што ја поведе СЈО „Империја”.

    Јовановски вчера тврдеше дека предметот „Рекет“ е монтиран за да се урне СЈО и за да се спаси од „Империја“ пријавителот на „Рекет“ Орце Камчев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира