КАСАМИ СЕ СОМНЕВА ДЕКА РЕЏЕПИ ПРОТИВ СВОЈА ВОЛЈА КАЖАЛ ШТО КАЖА, ВЕЛИ ДЕКА ТРЕБА ДА ПАДНЕ РЕЖИМОТ ВО КОЈ ИМА НЕГОВ МИНИСТЕР

    КАСАМИ СЕ СОМНЕВА ДЕКА РЕЏЕПИ ПРОТИВ СВОЈА ВОЛЈА КАЖАЛ ШТО КАЖА, ВЕЛИ ДЕКА ТРЕБА ДА ПАДНЕ РЕЖИМОТ ВО КОЈ ИМА НЕГОВ МИНИСТЕРКасами рече дека од вчера нема контакт со Кастриот Реџепи, пратеникот на Беса, кој не дојде на денешната седница за гласање доверба на владата. (архивска фотографија)

    Лидерот на Беса Биљал Касами вели дека неговата партија останува на ставот дека „овој режим“ треба да падне. Касами, чија партија е дел од владата на Зоран Заев со министерот Арјанит Хоџа и на ланските парламентарни избори настапи заеднички со СДСМ, се сомнева дека пратеникот на Беса Кастриот Реџепи, кој не дојде на денешната седница за гласање доверба на владата, против своја волја се изјаснил дека е против рушењето на владата. Тој рече и дека од вчера нема контакт со Реџепи.

    „Беса стои на ставовите за пад на овој режим. Последните случувања со Кастриот Реџепи докажуваат дека оваа власт е спремна на сè да остане на овие позиции. Се сомневам дека против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано. Од вчера немам контактирано со него“, изјави Касами пред Собранието.

    Касами беше пратеник од мнозинството до вториот круг од локалните избори, кога стана градоначалник на Тетово. На негово место во Собранието минатата недела дојде Драгољуб Филиповски од СДСМ.

    Уште е пауза во Собранието, засега нема мнозинство за пад на владата.

    Иницијативата за гласање доверба на владата ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ пред три дена, а првично на иницијативата беа потпишани 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.

    Но, пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи во меѓувреме побара неговиот потпис да не стои на ист список со потписот на Димитар Апасиев, па вчера 17-мина пратеници, вклучувајќи го и лидерот на Левица ги повлекоа потписите од иницијативата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира