КАТИЦА ЈАНЕВА ЌЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ДА ЈА ИЗЗЕМЕ ФАТИМЕ ФЕТАИ ОД „ТИТАНИК 3“ ЗАШТО СЕ ИСКАРАНИ

    КАТИЦА ЈАНЕВА ЌЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ДА ЈА ИЗЗЕМЕ ФАТИМЕ ФЕТАИ ОД „ТИТАНИК 3“ ЗАШТО СЕ ИСКАРАНИСудењето за „Титаник 3“ продолжува во 14 часот, до кога и се очекува да стигне одлуката на Јанева. - Обвинителите од СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски (Фото: К. Попов)

    Судијката Марија Клетничка по барањето за изземање на обвинителите од СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“, од страна на адвокатот на обвинетиот Исмет Гури, ќе побара одлука од Катица Јанева, како нивна претпоставена.

    За изземањето на Јанева, кое исто така беше побарано на денешното рочиште на „Титаник 3“, Клетничка рече дека советот го одбил предлогот. Кажа и дека поради тоа што го злоупотребил правото на одбрана и поднел неосновано барање за изземање на специјалната обвинителка, ќе ја извести Адвокатската комора.

    Во „Титаник 3“ покрај Гури, обвинет за уништување изборен материјал е и координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими.

    Во четвртокот во СЈО по наредба за претрес од Јанева, обезбедувањето во СЈО тргнало да ја претресува на влезот и Фетаи. Револтирана дека ја третирале како осомничена и што ја претресувале на работното место, таа ја плукнала безбедносната камера, која е поврзана со канцеларијата на шефицата. Фетаи потоа се стрчала горе во нејзината канцеларија да бара објаснување зошто Јанева ги понижува обвинителите и вработените во СЈО на ваков начин. Но, не ја нашла. По извесно време пак отишла кај неа, но пак наишла на затворена врата.

    Судењето продолжува во 14 часот, до кога и се очекува да стигне одлуката на Јанева.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира