КРИВАТА СО НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 Е ВО ПОРАСТ ПО ПРВОМАЈСКИТЕ ПРАЗНИЦИ, РЕИСОТ РЕЧЕ ДЕКА ВИРУСОТ Е УМРЕН

    КРИВАТА СО НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 Е ВО ПОРАСТ ПО ПРВОМАЈСКИТЕ ПРАЗНИЦИ, РЕИСОТ РЕЧЕ ДЕКА ВИРУСОТ Е УМРЕНВрвот беше достигнат на средината од април, кога беа регистрирани рекордните 107 случаи (16.4), но потоа бројката на нови заболени почна драстично да паѓа, сè до почетокот на мај. - Новозаболени во последните 45 дена, со просек од 5 дена (Извор: Институт за јавно здравје)

    Од првомајските празници наваму е во благ, но константен пораст кривата на нови заболени, пресметано со просек од пет дена, за да се отстранат евентуални аномалии на дневна основа. Врвот беше достигнат на средината од април, кога беа регистрирани рекордните 107 случаи (16.4), но потоа бројката на нови заболени почна драстично да паѓа, сè до почетокот на мај, кога три дена по ред (3-5.5) имаше и едноцифрен број нови случаи. Оттогаш, кривата е во пораст и само пет дена имаше под 20 нови случаи.

    Процент на позитивни случаи од тестирани, со три дена просек. (Извор: Институт за јавно здравје)

    Вкупно досега се тестирани 25.270 материјали, од кои се детектирани 1.978 позитивни лица. Бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443. Најмногу од нив Скопје, Тетово, Прилеп и Велес.

    Процентот на позитивни од тестирани е во пад, но тоа делумно се должи и на големиот број тестови од скринингот на вработените во градинките и домовите за стари лица изминатиов период.

    Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443, а најмногу од нив Скопје, Тетово, Прилеп и Велес. (Извор: Институт за јавно здравје)

    Со регистрирани 113 смртни случаи, леталитетот изнесува 5,8 отсто. Од регистрираните смртни случаи, три четвртини се на возраст над 60 години. Од починатите, кај три четвртини се регистрирани и други заболувања, од кои најчесто кардиоваскуларни болести, дијабетес и белодробни болести.

    Наспроти постојаниот пораст на заболените на дневна основа, на денешната прослава на празникот Рамазан Бајрам, поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи прогласи победа над коронавирусот.

    „И да знаете дека КОВИД-19 можам слободно да го прогласам дека е умрен од денеска. Господ е со нас и кога Господ е со нас, ние се чувствуваме најсилни на свет“, изјави денеска Реџепи.

    Поради празниците Рамазан Бајрам и „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, во тек е полициски час со траење до вторник во 5 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира