КУБА ТРИ МЕСЕЦИ НЕМА ДОБИЕНО НАФТА, МИЛИОНИ ЛУЃЕ СЕ БЕЗ СТРУЈА, ТРАМП ВЕЛИ ЌЕ МУ БИДЕ ЧЕСТ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ЗЕМЈАТА

    КУБА ТРИ МЕСЕЦИ НЕМА ДОБИЕНО НАФТА, МИЛИОНИ ЛУЃЕ СЕ БЕЗ СТРУЈА, ТРАМП ВЕЛИ ЌЕ МУ БИДЕ ЧЕСТ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ЗЕМЈАТАКуба е силно зависна од увезена нафта и Венецуела претходно ѝ праќала 35.000 барели нафта на ден (Фото: АФП)

    Милиони луѓе на Куба останаа без струја откако националната електрична мрежа доживеа колапс. Ова е најновиот во низата широко распространети прекини во електроснабдувањето што ја погодија земјата, која се соочува со хроничен недостиг на гориво поради американската блокада на испораките на нафта.
    Операторот на кубанската мрежа „УНЕ“ соопшти дека постепено ја враќа струјата во провинциите и градовите низ целата земја.

    Куба е силно зависна од увезена нафта и Венецуела претходно ѝ праќала 35.000 барели нафта на ден, што е околу половина од потребите на земјата. Сепак, овие испораки секнаа откако САД го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро во почетокот на јануари, поради што дополнително се влоши енергетската криза на Куба.

    Според претседателот Мигел Дијас-Канел, во последните три месеци не пристигнала ниедна пратка со нафта на Куба.

    Трамп вчера им рече на новинарите во Белата куќа дека ќе му биде чест да ја освои Куба.

    „Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, можам да правам што сакам со неа. Тие се многу ослабена нација во моментов“, кажа Трамп, кој претходно се закани со „пријателско преземање“ на Куба, која е непријател на САД од револуцијата во 1959 година.

    Минатата недела, Дијас-Канел потврди дека неговата влада е во почетна фаза на разговори со администрацијата на Трамп за решавање на разликите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира