Жена и нејзиното малолетно дете попладнево се пронајдени мртви по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдија дека двете лица починале на самото место, без детали за возраста на жената и детето.
„Денеска (02.03.2026) околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале. Полициски службеници излезени на местото на настанот“, велат од МВР.
Обвинителството доцна вечерва соопшти дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во Карпош и нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
„Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, велат од Обвинителството и најавија повеќе детали во текот на 3 март.



