МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД ЗА 400.000 ЛУЃЕ, ПРВИТЕ ТРЕБА ДА СТИГНАТ ДО МАРТ

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД ЗА 400.000 ЛУЃЕ, ПРВИТЕ ТРЕБА ДА СТИГНАТ ДО МАРТПрвите вакцини треба стасаат до крајот на март идната година и најпрво се предвидува вакцинирање на здравствените работници, хронично болните и постарата популација - д-р Александра Грозданова (Фото: СДК.МК)

    Ковакс договорот што го има потпишано Македонија предвидува вкупно 833.000 дози од вакцината против ковид-19 за 20 отсто од населението, бидејќи е потребно да се примат по две дози. Сепак, овие 833.000 дози нема да стигнат сите одеднаш, вели претседателката на Комисијата за имунизација д-р Александра Грозданова, туку со динамика и план согласно нашите капацитети, а според неа, првите дози реално би требало да се очекуваат во првото тромесечие (јануари-март) од следната година.

    „Во првите 20 проценти се предвидува вакцинирање најпрво на ризичните групи како здравствените работници, хронично болните и постарата популација. Потоа секако се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за останата популација“, вели д-р Грозданова.

    Таа вели дека Македонија ќе ја добие онаа вакцина што ќе биде прва одобрена.

    „Во моментов сè уште овие вакцини одат во две дози што би значело дека имаме потврден заштитен ефект од само шест месеци, но се очекува дека понатаму ќе биде вакцина која ќе се прима еднаш годишно“, објаснува д-р Грозданова.

    Сепак, професорката на Фармацевтскиот факултет при УКИМ предупредува дека она со што ќе се соочат земјите од светот се логистичките предизвици при достапноста на оваа вакцина, имајќи предвид дека до крајот на 2021 година предвидено е дека ќе бидат потребни повеќе од две милијарди дози од оваа вакцина што создава огромен финансиски притисок, но и огромен предизвик во однос на производството, дистрибуцијата и складирањето. Дел од овие вакцини бараат и посебни услови на дистрибуција, дел од нив се развиваат како вакцини кои треба да се чуваат на минус 80 степени, а дополнителен предизвик е достапноста и апликацијата.

    „Предизвикот за ваква брза и масовна вакцинација ќе биде за сите земји, вклучително и за нашата. Ние токму поради тоа веќе започнуваме со анализа на капацитетите со кои располагаме како технички така и хумани, со цел да имаме увид каде и на кој начин ќе треба да се интервенира. Верувам дека со правилна организација ќе успееме да одговориме и благовремено да се подготвиме за оваа сериозна активност“, вели д-р Грозданова.

    Непосредно пред одобрување за употреба во итни случаи се вакцините на американските компании „Фајзер“ и „Модерна“, како и на британската компанија „АстраЗенека“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира