МАРКЕТИТЕ ОТСЕГА ЌЕ МОРААТ ДА ГИ ОБЈАВУВААТ ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ И НА ИНТЕРНЕТ

    МАРКЕТИТЕ ОТСЕГА ЌЕ МОРААТ ДА ГИ ОБЈАВУВААТ ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ И НА ИНТЕРНЕТСо законските измени се дава овластување на инспекторите да извршат проверки доколку видат неусогласеност на цените. (Фото: СДК.МК)

    Маркетите ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите согласно најновите измени на Законот за заштита на потрошувачите, усвоени денеска во Собранието.

    Законот беше поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што велат дека очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкурентност и намалување на цените.

    Законските измени гласат:
    (1) Мал, среден и голем трговец кој врши дејност трговија на мало, согласно со Националната класификација на дејностите, должен е на својата веб страница да ја објави, одделно за секој свој продажен објект, тековната продажна, односно единичната цена во моментот на објавување на секоја стока што ја нуди за продажба.

    (2) Ажурирањето на цените од ставот (1) на овој член се врши на дневна основа.

    „Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари бидејќи не е нормално да имаме цени во маркети кои се највисоки на балканско ниво, цени повисоки отколку што имаат членки на ЕУ, не е нормално“, кажа Бојан Стојановски, еден од подносителите.

    Со овие законски измени се дава овластување на инспекторите да извршат проверки доколку видат неусогласеност на цените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира