МИЈАЛКОВ ПРИТВОРЕН НА БАРАЊЕ НА СЈО

    МИЈАЛКОВ ПРИТВОРЕН НА БАРАЊЕ НА СЈОМијалков е обвинет во „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“, предмети на СЈО. - Мијалков пред Основниот суд Скопје 1 (архивска фотографија)

    Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вечерва е притворен на барање на Специјалното јавно обвинителство поради опасност од бегствo.

    Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнево му ја одредил мерката притвор од 30 дена. Мијалков е обвинет во „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“, предмети на СЈО.

    “Ниту негирам, ниту потврдувам, не сум во моментов на работа”, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на затворот Шутка Ѓоко Котевски.

    Мијалков е одобрен од судот неколку часа откако осудениот експремиер Никола Груевски се пофали на Фејсбук дека добил азил во Унгарија.

    По бегството на Груевски, на 14 ноември беа притворени и поранешниот министер Миле Јанакиески и бившиот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, исто така, на барање на СЈО поради опасност од бегство.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира