БРОЈОТ НА МИНИСТРИ НА „ВРЕДИ“ ЌЕ ПОРАСНЕ ОД ШЕСТ НА СЕДУМ, БЕКИМ САЛИ ЌЕ БИДЕ САМО ПРВ ВИЦЕПРЕМИЕР

    БРОЈОТ НА МИНИСТРИ НА „ВРЕДИ“ ЌЕ ПОРАСНЕ ОД ШЕСТ НА СЕДУМ, БЕКИМ САЛИ ЌЕ БИДЕ САМО ПРВ ВИЦЕПРЕМИЕРНема датум кога би се направила владината реконструкција, иако Мицкоски на 23 август кажа дека ќe ја направи деновите по локалните избори. (Фото: СДК.МК)

    По изборот на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити за градоначалник на Чаир, Беким Сали ќе го замени само во делот прв вицепремиер. За министер за животна средина коалицијата „Вреди“ ќе предложи друг кандидат, кажа денеска портпаролот Дритон Сулејмани.

    Со тоа, од сегашните 6 министри, „Вреди“ ќе има 7, но со тенденција во претстојната владина реконструкција тој број да порасне барем за уште еден ресор/министер.

    Засега се споменува незадоволство кај најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ од двајцата министри од ЗНАМ – Игор Филков и Горан Минчев, особено од првиот кој е министер за правда.

    Премиерот Христијан Мицкоски не бил задоволен од работата и од некои свои министри, но не од економско-финансискиот ресор кој, како што стои во најновиот извештај на Европската комисија за Македонија, го уназадил системот со реформите и со финансиската дисциплина, туку наводно од министерката за образование Весна Јаневска, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Од владејачката партија засега не може да се чуе од кои министри на „Вреди“ е незадоволен Мицкоски, најверојатно ќе чека самите да предложат реконструкција во своите редови, како што било и досега во принцип.

    „Веднаш после изборите ќе ги отвориме и вратите од партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување на капацитетите“, кажа Мицкоски на 23 август, по распишувањето на Локалните избори.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира