МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ПРВ КРУГ ВО 30 ОПШТИНИ, ЗА СКОПЈЕ РЕЧЕ ДЕКА ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ

    МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ПРВ КРУГ ВО 30 ОПШТИНИ, ЗА СКОПЈЕ РЕЧЕ ДЕКА ЌЕ ИМА ВТОР КРУГМицкоски рече дека после денешните резултати ДУИ оди во историјата. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва кажа дека издвојувале убедлива победа на локалните избори и дека според досегашните резултати во првиот круг добиле градоначалници во 30 општини. Во Скопје Мицкоски кажа дека Орце Ѓорѓиевски води убедливо, но дека ќе има втор круг.

    „Ветивме победа и донесовме. Граѓаните избраа вредности, избраа луѓе што ветуваат работа. Ова е почеток на новата македонска енергија. Вечерва нема да славиме, туку ветуваме дека ќе работиме уште повеќе, дека оваа победа нема да ја мериме со бројки туку со направени дела”, рече Мицкоски.

    Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат во вториот круг, велејќи дека секој кој ќе остане дома е глас за оние кои ја уништуваа Македонија.
    Тој рече и дека после денешните резултати ДУИ оди во историјата.

    Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

    По преброени 68,15 отсто од гласовите во Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски има 40,16 отсто од гласовите, а второпласиран е Амар Мециновиќ од Левица со 12,9 отсто.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира