МНОГУ СМЕ ПРЕД АЛБАНИЈА, ВТОРОТО МЕСТО ВО РЕГИОНОТ ГО ДЕЛИМЕ СО СРБИЈА, КАЖА МИЦКОСКИ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

    МНОГУ СМЕ ПРЕД АЛБАНИЈА, ВТОРОТО МЕСТО ВО РЕГИОНОТ ГО ДЕЛИМЕ СО СРБИЈА, КАЖА МИЦКОСКИ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈАПремиерот Мицкоски денеска беше на поставување камен-темелник на изградба на нов културен дом во Општина Петровец. (Фото: Фејсбук)

    Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го извештајот на Европската комисија за 2025 година, изјави дека не може да се сложи со констатациите дека некои други земји од регионот се пред Македонија, при што директно ја посочи Албанија.

    „Не можам да се сложам со констатацијата дека има некои други земји кои што се пред нас. На пример, ние сме многу пред Албанија условно кажано дури во 8 области сме пред Албанија, иако некои од еврокомесарите даваат такви изјави какви што даваа“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на настан во скопската општина Петровец.

    Тој направи и рангирањето на земјите од регионот во однос на подготвеноста за ЕУ.

    „Кога ќе се анализира состојбата на државата кој е спремен кој не е спремен, објективната оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово…“, рече Мицкоски.

    Премиерот го оцени извештајот како добар и рече дека е „исклучително задоволен“ бидејќи во него нема назадување, туку стагнација во одредени области како владеењето на правото и борбата против корупцијата.

    Тој најави дека Владата „многу посериозно“ ќе ѝ се посвети на таа тема и на реформите во Судскиот совет и обвинителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира