ОД УТРЕ ЗАТВОРАЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ И ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 20 ЧАСОТ, ПРЕДЛАГА КРИЗНИОТ ШТАБ

    ОД УТРЕ ЗАТВОРАЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ И ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 20 ЧАСОТ, ПРЕДЛАГА КРИЗНИОТ ШТАБПредлогот на Централниот кризен штаб е овие мерки да почнат да важат од утре. (Фото: СДК.МК)

    Целосно затворање на кафеаните и кафулињата и полициски час од 20 до 5 часот, било предложено на денешната седница на Централниот кризен штаб, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од штабот.

    Ваквата одлука, според изворите, следува по зголемениот број на новозаразени и смртни случаи од ковид-19, како и преполнетоста на болничките капацитети и се очекува да биде изгласана на денешната седница на Владата.

    Предлогот на Централниот кризен штаб е овие мерки да почнат да важат од утре. Досега, угостителските објекти работеа до 21 часот, а полицискиот час почнуваше од 22 часот.

    Вчера беа регистрирани уште 35 починати, како и нови 734 случаи на ковид-19 од направени 3.246 тестирања. Бројот на починати од почетокот на пандемијата достигна 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.

    Во ковид-центрите низ државата се лекуваат вкупно 1.720 пациенти, а од нив 699 се во Скопје, додека 1.021 во другите градови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира