ПОЛОШКИОТ РЕГИОН ГО ПРЕСТИГНА СКОПСКИОТ СО НАЈМНОГУ ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ, НАЈМАЛКУ СЕ ГРАДИ ВО СЕВЕРОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

    ПОЛОШКИОТ РЕГИОН ГО ПРЕСТИГНА СКОПСКИОТ СО НАЈМНОГУ ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ, НАЈМАЛКУ СЕ ГРАДИ ВО СЕВЕРОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈАКако инвеститори во овој дел од земјата доминантно се јавуваат физичките лица. (архивска фотографија)

    Полошкиот Регион во март 2026 година предничи според бројот на издадени одобренија за градење на ниво на цела држава, според податоците објавени од Државниот завод за статистика. Од вкупно 245 дозволи издадени во Македонија, 62 се регистрирани во овој регион, што го позиционира како најактивен во градежниот сектор за овој месец.

    Како инвеститори во овој дел од земјата доминантно се јавуваат физичките лица. Од вкупниот број одобренија, 54 се наменети за индивидуални инвеститори, додека 8 дозволи се издадени на деловни субјекти. Предвидената вредност на овие градежни зафати изнесува 539.225 илјади денари. Во однос на станбената изградба, во Полошкиот Регион е планирана изградба на 66 станови со вкупна корисна површина од 13.314 квадратни метри.

    Најзастапени се двособните станови со 21 единица и четирисобните со 18 единици. Дополнително, предвидени се 14 трисобни станови, како и поголеми станбени единици, меѓу кои 6 шестoсобни, 4 станови со осум или повеќе соби, 2 седмособни и еден петособен стан.

    245-те одобренија за градење во март претставуваат пад од 26,6 отсто во однос на истиот месец минатата година. И покрај намалениот број на дозволи, предвидената вредност на објектите изнесува над 24,5 милијарди денари, што е зголемување за 21,9 отсто. Овој скок на вредноста е резултат на одобренијата за изградба на големи енергетски проекти, односно ветерни паркови во општините Штип, Радовиш и Карбинци со вкупен капацитет до 128 мегавати.

    Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 148 одобренија се за објекти од високоградба, 31 за нискоградба, а 66 се наменети за реконструкција. Физички лица се појавуваат како инвеститори на 136 објекти, додека деловните субјекти инвестираат во 109 случаи. Во овој извештаен период е предвидена изградба на вкупно 618 станови со вкупна корисна површина од 53.718 квадратни метри.

    По Полошкиот регион следува Скопскиот Регион со 51 издадена дозвола, додека во Југозападниот Регион се регистрирани 37 одобренија за градење. Најмалку градежни активности во овој период се предвидени во Североисточниот Регион, каде се издадени само 3 одобренија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира