РЕКОРДНИ 120 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ОД КОИ 67 СЕ ОД СКОПЈЕ

    РЕКОРДНИ 120 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ОД КОИ 67 СЕ ОД СКОПЈЕВкупно ковид дијагностицирани во земјава досега се 2.611, оздравени пациенти се 1.621, починати се 147, а активни случаи се 843.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на КОВИД-19, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Ова е најголема бројка на дневно регистрирани позитивни лица на коронавирус, од почетокот на епидемијата во земјава. Досега највисока бројка имаше на 16 април, 107 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65-годишна пациентка, примена на 28 мај, во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

    Статистиката на новозаболени по градови е :
    – Скопје 67
    – Куманово 19
    – Штип 16
    – Прилеп 4
    – Тетово 9
    – Велес 2
    – Гостивар 1
    – Неготино 1
    – Струмица 1
    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
    – Скопје 8
    – Штип 3
    – Прилеп 2
    – Тетово 1
    – Велес 1
    – Битола 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава досега се 2.611, оздравени пациенти се 1.621, починати се 147, а  активни случаи се 843.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира