СО СЛИКИ НА ГРАДИТЕ ОД СВОИТЕ ЗАГИНАТИ ДЕЦА, РОДИТЕЛИТЕ СО ГОЛЕМ МАРШ ОДБЕЛЕЖАА 2 МЕСЕЦА ОД КАТАСТРОФАТА ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС”, ИМ СЕ ПРИДРУЖИЈА ОГРОМЕН БРОЈ ГРАЃАНИ

    СО СЛИКИ НА ГРАДИТЕ ОД СВОИТЕ ЗАГИНАТИ ДЕЦА, РОДИТЕЛИТЕ СО ГОЛЕМ МАРШ ОДБЕЛЕЖАА 2 МЕСЕЦА ОД КАТАСТРОФАТА ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС”, ИМ СЕ ПРИДРУЖИЈА ОГРОМЕН БРОЈ ГРАЃАНИПред институциите, роднините ги подигнуваа сликите на жртвите. - Маршот застана и пред обвинителството и судот во Кочани (Фото: СДК.МК)

    Со беспрекорно светнати и изгланцани слики на градите од своите загинати деца во катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс” на 16 март, ожалостени и скршени родителите, браќа, сестри, баби и дедовци, сограѓани на жртвите во 16.05 часот, го почнаа маршот низ Кочани, за да се одбележат два месеца од неописивата трагедија која одзеде 62 млади живота. Од нив 46 се од овој град.

    Колоната тргна од Општината во една бројка, но стануваше се помасовна и погуста како се движеше низ кочанските улици, застанувајќи пред полициската станица, па пред Судот и Обвинителството.

    Затекнати луѓе во берберници, во бутиците и аптеките кои се уште ова саботно попладне работеа, застанаа, излегоа да оддадат почит додека долгата колона поминуваше во длабока тишина.

    Преку транспаренти против системот-убиец, против невиденото злосторство како што ја нарекуваат трагедијата и со „благодарност” за поддршката од пратениците, кои немаат стапнато да ги видат овие скршени луѓе, без да се каже збор, беа испратени пораки.

    Кога заврши протестот и момчиња и девојчиња во црни маички со ликовите на нивните загинати другарки и другари, одржаа келнерска трка на кејот на реката, пред општинската зграда.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира