ТВРДОКОРНИ, СПРЕМНИ И РАТОБОРНИ, АМА НИ ТРЕБА ДОБРА ОРГАНИЗАЦИЈА, КОМУНИЦИРААТ ВЕЉАНОСКИ И СТЕВАНАНЏИЈА НА ВИБЕР ПРЕД 27 АПРИЛ

    ТВРДОКОРНИ, СПРЕМНИ И РАТОБОРНИ, АМА НИ ТРЕБА ДОБРА ОРГАНИЗАЦИЈА, КОМУНИЦИРААТ ВЕЉАНОСКИ И СТЕВАНАНЏИЈА НА ВИБЕР ПРЕД 27 АПРИЛПратениците на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски и Димитар Стевананџија не се меѓу обвинетите на судењето за 27 април. (Фото: СДК.МК)

    Со читање на вибер и смс пораките од телефонот на тогашниот претседавач Трајко Вељаноски денеска продолжи судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани.

    Вељаноски, кој не е меѓу 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, му пишува смс на обвинетиот Горан Ѓошевски на 27 април во 17.48: „Бидете на штрек!“

    По една минута, Ѓошевски до Трајко: „Сите знаат, и од МВР“.

    Трајко во 18.04 му пишува на Ѓошевски: „Кажи им на внатрешното да влезат два тројца внатре и да не дозволуваат да седнат на моето место!“.

    Во вибер комуникација, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија на 3.02. 2017 испраќа порака на Трајко:

    „Миле на еден час пушта пораки во групава“.

    Трајко му враќа: „За што?“.

    Стевананџија му одговара: „Дали се збираат по штабови?“.

    Трајко: „Се збираат мислам“.

    Стевананџија истиот ден: „А тие имаат состанок по Македонија за кандидати за градоначалници и советници“.

    Стевананџија до Вељаноски истата вечер: „Тоа е збирањето“.

    На 24.02.2017 по вибер: „Како е работата? Се спремате? ”

    Стевананџија му одговара: „Тврдокорни!“.

    Пишува нова порака и натаму по вибер: „Се чекаат насоки“.

    Трајко: „Важно, спремни“.

    Стевананџија: „Да, да“.

    Трајко: „И ратоборни“.

    Стевананџија: „Е, нема друг избор“.

    Пак Стевананџија: „Ама треба добра организација“.

    Трајко: „Да“.

    Стевананџија до Трајко и натаму: „Вака, никој ништо не знае“.

    Стевананџија: „Мора да има водачи“.

    Трајко: „Кредибилен“.

    Стевананџија: „Не со спот на јутјуб“.

    Пак тој до Трајко: „И критична маса од СК“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира