Судот во Будимпешта го одби барањето на Министерството за правда за екстрадиција на азилантот Никола Груевски за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 2017, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.
Според унгарските колеги новинари, кои не присуствувале на расправата за аргументите „за“ и „против“ екстрадицијата бидејќи седницата на судот беше затворена, но беа таму кога се читаше одлуката, Груевски се спасува од испорачување во матичната држава каде што го чека одлежување двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, како и пет други истраги за тежок криминал вклучувајќи ја и таа за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.
Судијката Ева Варежи рекла дека условите за екстрадиција не се исполнети, ниту се исполнети условите за меѓународната потерница, распишана од македонските власти.
С. К. ДЕЛЕВСКА