ТРИ МЕСЕЦИ ДОЦНИ ИСПЛАТАТА НА ПАРИТЕ НА АСИСТЕНТИТЕ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, А ЕДЕН МЕСЕЦ ЗА ТУЃА НЕГА

    ТРИ МЕСЕЦИ ДОЦНИ ИСПЛАТАТА НА ПАРИТЕ НА АСИСТЕНТИТЕ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, А ЕДЕН МЕСЕЦ ЗА ТУЃА НЕГАРанлива категорија на граѓани алармира дека се доцни со исплата на средства кои им се неопхдни за живот. (Фото: Архива на СДК.МК)

    Три месци доцни исплатата на негувателите и асистентите на лицата со попреченост, а еден месец доцни исплатата на надоместокот за помош и нега од друго лице (туѓа нега) од целата држава, регираат граѓани кои се јавија во нашата редакција.

    Граѓанка реагира дека исто како и лани, повторно се доцни со исплатата за лична асистенција од два месеца, септември и октомври, а тече и ноември и дека како корисници се чувствуваат крајно сериозно загрозени. За помош на едно лице со попреченост асистентот зема 19.500 денари.

    „Тие лица работат за пари а веќе не се издржува вака, поголемиот дел од асистентите се одговорни и сериозни лица кои си ја сакаат работата и не сакаат да не остават на цедило. Жално е што се чепка во ранливата категорија на граѓан,  а се фалат дека се грижат, уште пожално е ако некој си го побара правото уште и виновен е“, стои во една порака од читателка.

    Реакции за доцнењето на исплатите на социјалните мрежи има и од негуватели кои потенцираат дека од септември не се исплатени.

    Од Министерството за социјална политика, демографија и млади ни одговорија: „ Ве известуваме дека не станува збор за доцнење на 2 месеци, туку не е исплатен само последниот месец, која што исплата ќе се реализира во текот на наредните денови“.

    Друг граѓанин кој ја контактираше нашата редакција вели дека во име на повеќе корисници на туѓа нега, алармира за сериозното доцнење на исплатата за октомври.

    „Иако од  беше најавено дека средствата ќе бидат исплатени на 16 ноември, заклучно со денес (18 ноември) ниту еден корисник ги нема добиено парите на својата сметка, а од институциите нема никакво ново известување. Станува збор за најранливата категорија граѓани стари, изнемоштени и болни лица на кои овие средства им се неопходни за лекови, пелени и секојдневна нега. Ќе тргнам од себеси и мојата мајка која е со хронична болест и оди на дијализа секој втор ден, овие средства можеби не се многу но и покриваат дел од лековите кои ги прима секојдневно. Пред десетина дена почина и нејзиниот сопруг, мојот татко и навистина овие моменти се малку потешки, и знам дека не сме единствени со овој проблем“, реагира читателот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира