БАНКИТЕ НЕ ИМ ДАВААТ КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ НА ГРАЃАНИТЕ КОИ НАПОЛНИЛЕ 70 ГОДИНИ, ГИ ОБЕСПРАВУВААТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ И ЗА МНОГУ УСЛУГИ ВО СТРАНСТВО

БАНКИТЕ НЕ ИМ ДАВААТ КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ НА ГРАЃАНИТЕ КОИ НАПОЛНИЛЕ 70 ГОДИНИ, ГИ ОБЕСПРАВУВААТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ И ЗА МНОГУ УСЛУГИ ВО СТРАНСТВООвие наши сограѓани се обесправени и во странство оти не можат да користат многу од услугите (Фото:СДК.МК)

Граѓаните по навршување на 70-годишната возраст во Македонија, немаат веќе право да поседуваат и да користат кредитна картичка и се лишени од сите поволности за купување на рати и за плаќање во странство што ги имаат помладите од нив.

На тие што имаат кредитни картички, банките им ги блокираат без да ги известат, им ги прогласуваат за неважечки.

Проблемот е кај лицата 70 +, кои имаат по две-три кредитни картички, затоа што тие одеднаш треба да ги вратат средствата што ги должат, односно да ги израмнат кредитните картички на нула. Прашањето е како ќе најдат пари за тоа и дали секој може одеднаш да остане без пари?

Овие наши сограѓани се обесправени и во странство. Ако патуваат надвор, тие нема да можат да користат многу од услугите, почнувајќи од хотелските, потоа убер, такси, рент а кар итн.

Ја прашавме Македонската банкарска асоцијација (МБА) за овие последици врз секојдневието, врз животот на тие што наполниле 70 години со губењето право за поседување на кредитни картички и дали тоа може да се смета како дискриминација врз основа на возраст. Оттаму ни рекоа сите банки во светот внимаваат да не заглават со оваа ризична возрасна група.

„Во врска со издавањето на нови картички, сите кредитни производи на банките (како кај нас така и во светот) имаат одредени ограничувања поврзани со возраста на клиентите, во согласност со кредитните и политиките за управување со ризик на секоја од банките. Дополнително, би споменале дека користењето на услуги за хотелско сместување и превоз се достапни и со дебитни картички за што сведочат и бројните такви трансакции, иако терминологијата која се користи кај некои глобални компании останува ‘credit card’ “, одговори Македонската банкарска асоцијација.

С. К. ДЕЛЕВСКА

 

 

 

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира