ФОТОРЕПОРТАЖА: МРЕСТЕЊЕ НА ОХРИДСКАТА ПАСТРМКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФОТОРЕПОРТАЖА: МРЕСТЕЊЕ НА ОХРИДСКАТА ПАСТРМКА

    Соочени со притисокот од истребување на охридската пастрмка, научниците од Хидробиолошкиот институт во Охрид користат метод за вештачко размножување на ендемскиот вид, со што би се задржал биолошкиот баланс на оваа уникатна риба во езерото. Секој јануари, во зависност од временските услови, Хидробиолошкиот институт одредува период од десет или повеќе денови кога фаќаат околу два тони охридска пастрмка. Уловените риби ги користат од нив да извлечат икра и сперма и потоа прават вештачко оплодување, а сите фатени пастрмки ги враќаат живи во езерото.

    Научник од Хидробиолошкиот институт ги испитува оплодените икри за знаци на болест во првите 48 часа и ги отстранува ако најде некоја за да не ги зарази останатите. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Научник од Хидробиолошкиот институт ги испитува оплодените икри за знаци на болест во првите 48 часа и ги отстранува ако најде некоја за да не ги зарази останатите. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Секоја уловена пастрмка мора да тежи најмалку 500 грама, што значи дека достигнала репродуктивна зрелост од 4 или 5 години. Генерално, секоја година околу три милиони јајца од икра се собираат за потребите на вештачкото размножување во охридскиот Хидробиолошки институт.

    Целата операција мора да заврши брзо затоа што икрата мора да биде оплодена во рок од еден час откако ќе биде извадена од женската пастрмка. Научниците ги мешаат икрата и спермата во езерска вода, по што ги испуштаат во специфични области во езерото со оптимални услови за раст на пастрмката.

    Фото: Ѓорѓи Личовски

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира