НЕМАМЕ ДОКАЗИ ДЕКА СЕ МЕСТАТ ТЕНДЕРИ ВО ЗДРАВСТВОТО, ВЕЛАТ ОД СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМАМЕ ДОКАЗИ ДЕКА СЕ МЕСТАТ ТЕНДЕРИ ВО ЗДРАВСТВОТО, ВЕЛАТ ОД СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

    БИРОКРАТИЈАТА ПОВАЖНА ОД ЗДРАВЈЕТО – Серија текстови за корупцијата во здравството (5)

    Советот за јавни набавки нема докази дека договорните органи местат тендери, ниту досега има процесуирано ваква постапка. Борче Христов, претседател на Советот за јавни набавки, вели дека се трудат да ги намалат постапките со директно преговарање, бидејќи со нив се намалува конкуренцијата.

    „Ние може да се сомневаме дека намерно се бара директно преговарање, но немаме докази дека станува збор за корупција. Досега нема процесуиран случај дека некој од договорните органи намерно се обидува да намести некоја набавка”, вели Христов.

    Проблемот со набавките во здравството, според него, е во тоа што овие набавки се специфични, и додава дека навреме треба да ги планираат набавките за да не се доведат во ситуација да останат без потребните материјали за работа. Тој негира дека сите барања ги враќаат три пати, колку што е законскиот максимум. Објаснува дека има и случаи кога барања се решаваат веднаш, без да се дадат забелешки.

    На забелешките од болниците дека повеќе пати им се враќа на доработка еден тендер, бидејќи секој пат ги разгледува различна комисија од стручни лица, Христов вели дека тоа е така согласно законските одредби. За набавки до 20.000 евра тендерската документација ја разгледува комисија од ист состав на стручни лица.

    „За постапките над 20.000 евра, првиот пат документацијата ја разгледуваат најмалку три лица, вториот пат комисија од стручни лица, а третиот пат комбинација од првите два состави. Тоа е фактичка состојба според постоечките законски одредби. Третиот пат не се даваат нови забелешки”, вели Христов.

    Тој вели дека во случајов можно е да се случи дури третиот пат, некој од надворешните стручни лица што ги ангажира Советот, да најде суштинска забелешка и да поништи постапката или да се подели набавката.

    „Секој има индивидуално знаење и лицата кои го работеле тендерот и првиот и вториот пат имаат свои забелешки. Вториот пат на пример се ангажираат нови лица, кои имаат поинакво знаење и различно мислење, само тоа е причината што првиот пат и вториот пат има нови и различни забелешки. Друг проблем е што стручните лица имаат само три работни дена да ја разгледаат документацијата, а за некои набавки таа е обемна”, вели Христов.

    Тој најави дека во тек се измени на Законот за јавни набавки и дека ќе предложат Советот да може да дава согласност уште при првото разгледување на документацијата без оглед дали има или нема забелешки.

    „Сега од прв пат може да се даде согласност само ако нема забелешки”, вели Христов.

    Во 2015 година во Советот за јавни набавки стигнале вкупно 19.407 барања за согласност за јавни огласи, од кои за 9.708 е дадена согласност. Останатите 9.219 постапки што се водени во Советот се всушност повторените постапки. За 20 отсто од вкупно стигнатите барања Советот дал согласност без да се ангажираат стручни лица.

     

    birokratija-zdravtsvo-1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира