НОРВЕЖАНИТЕ СЕГА МОЖАТ ДА СМЕНАТ ПОЛ СО САМО ЕДЕН КЛИК НА ИНТЕРНЕТ

a:1:{s:9:"td_source";s:16:"Осло,(АП)

    НОРВЕЖАНИТЕ СЕГА МОЖАТ ДА СМЕНАТ ПОЛ СО САМО ЕДЕН КЛИК НА ИНТЕРНЕТ

    На пасошот на десетгодишната Ана Тулин Миж стои слика на едно норвешко девојче со долга, плава коса со шнола. Вели дека името и е Ана, но под пол, пишува „М“.

    „Тоа значи машки пол“, вели Ана, гледајќи го својот пасош со љубопитност. „За неколку недели ќе имам друг пасош, и таму ќе пишува „Ф“.

    Норвешка, богата и развиена држава од пет милиони луѓе, неодамна стана петтата држава во светот што им дозволува на возрасните законски да го сменат полот, без интервенција или согласност од доктор. Аргентина, Ирска и Данска имаат слични закони. Но, само Малта и Норвешка ги проширија либерализираните правила и на децата. До јуни, Норвешка беше една од 32-те европски земји, во кои се бара луѓето да бидат подложени на долги периоди на советување, замена на хормоните и на крајот операција за промена на родот, пред промената да биде законски призната.

    Наместо тоа, со новиот закон, сега кандидатите треба само да пратат онлајн формулар и писмо со потврдување на намерата за промена на полот. Откако нивните апликации ќе бидат одобрени, тие добиваат нов матичен број, кој отклучува способност за ажурирање на сите форми на идентификација, од пасоши и возачки дозволи, изводи и кредитни картички.

    Под услов да имаат согласност од родителите, децата од Норвешка, уште од 6-годишна возраст може сами да се идентификуваат како машки или женски, укинувајќи го полот доделен на раѓање. Ана е една од деветте малолетни во државата, што ја искористила можноста откако новите правила се усвоија во јуни оваа година.

    Мајката на Ана, Сири Олине Миж се согласува: „Ќерка ми преживеа неколку години со збунетост и одбивање, кога била принудена да биде машко со име Адријан, додека со законското признавање Ана може да има мирна иднина како женско, без сомничења и константни недоразбирања“.

    Годинава, таа се запиша во ново училиште, каде нејзините врсници, никогаш не ја знаеле како Адријан. Ана вели дека вака е многу посреќна. Таа додава дека размислувала долго на оваа тема. По неколку години таа планира да почне со земање хормони, кои ќе го одложат пубертетот додека не биде доволно голема за операција за менување на полот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира