СО МЕСЕЦИ НЕМАШЕ РЕАГЕНСИ ЗА ДИЈАГНОСТИКА ПОРАДИ КОМПЛИКАЦИИ СО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО МЕСЕЦИ НЕМАШЕ РЕАГЕНСИ ЗА ДИЈАГНОСТИКА ПОРАДИ КОМПЛИКАЦИИ СО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

    БИРОКРАТИЈАТА ПОВАЖНА ОД ЗДРАВЈЕТО – Серија текстови за корупцијата во здравството (3)

    На крајот на минатата и почетокот на оваа година Институтот за микробиологија остана без дел од потребните реагенси, меѓу кои и реагенсот за испитување кламидија во серум. На шалтерите на Институтот беа залепени известувања дека нема одредени реагенси и дека испитувања не се прават. Сепак, на Микробиологија пациенти доаѓаа со упати од матичните лекари токму за овие испитувања, а дел од нив и гласно негодуваа дека испитувањето токму на институтот им било закажано преку електронскиот систем за закажување прегледи „МојТермин”.

    „Доаѓам со упат од лекар, не доаѓам самоиницијативно. Зошто тогаш не им јавите на матичните лекари дека немате реагенси, за да не се малтретираме и овде да доаѓаме, туку да не пратат во онаа лабораторија каде има реагенси”, гласно коментираа пациентите, откако шалтерскиот работник им објасни дека испитувањето не можат да го направат во оваа установа.

    Д-р Милена Петровска, директор на Институтот за микробиологија, тогаш објасни дека дел од реагенсите за одредени дијагностички процедури ги потрошиле, а нови се уште не набавиле оти доцни јавната набавка.

    „Седум месеци не можевме да добиеме согласност од Советот за јавни набавки за да го објавиме јавниот повик за набавка на реагенсите, бидејќи постојано беше враќан на доработка. Прописите се мошне строги, за да не се случи некоја компанија да биде привилегирана”, рече тогаш д-р Петровска.

    Проблемот со согласноста за набавките тогаш ја потврди и проф.д-р Никола Јанкуловски, декан на Медицинскиот факултет, преку кој одат набавките на потребните материјали за сите клинички институти.

    „Советот за јавни набавки е владино тело, кое треба да даде согласност дека набавката е во ред и согласно законските прописи. Тоа беше воведено пред две години. Но, годинава имаме сериозен проблем, бидејќи дел од огласите повеќе пати ни се враќаат на доработка и за ситници што ништо суштински не менуваат. На пример на Институтот за патофиза неколку месеци немавме радиозотопи за пациентите со малигни заболувања, да се види дали имаат метастази. За дел од дијагностиката и по неколку месеци немаме материјали. Меѓутоа со овој проблем не се соочуваат само институтите, туку и другите клиники и болници”, рече тогаш проф.д-р Јанкуловски

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира