АКО НЕКОЈ ЗАБОРАВИЛ СРЕДСТВО ПРОТИВ КОМАРЦИ, НЕКА ДОЈДЕ КАЈ МЕНЕ, ХОУП СОЛО НОСИ ВО РИО ЦЕЛ АРСЕНАЛ ПРОТИВ ЗИКА

a:1:{s:9:"td_source";s:70:"Сиетл,(СпортсИлустрејтед,ДејлиМејл)

    АКО НЕКОЈ ЗАБОРАВИЛ СРЕДСТВО ПРОТИВ КОМАРЦИ, НЕКА ДОЈДЕ КАЈ МЕНЕ, ХОУП СОЛО НОСИ ВО РИО ЦЕЛ АРСЕНАЛ ПРОТИВ ЗИКА

    Хоуп Соло сака да се обезбеди против вирусот Зика на Олимпијада во Рио, носејќи со себе огромно количество средства против комарци и заштитна маска.

    Хоуп Соло се надева дека во Рио ќе го освои третиот олимписки златен медал

    Хоуп Соло се надева дека во Рио ќе го освои третиот олимписки златен медал

    Американската фудбалерка се подготвува со соиграчите од националниот тим за Игрите, кои почнуваат на 5 август, и се надева дека уште еднаш ќе се врати со златен медал. Сепак, 34-годишната голманка не сака да ризикува, кога е во прашање вирусот распространет низ Бразил и може да предизвика вродени маани кај бебињата, ако биде пренесен од заразена мајка.
    Соло на Твитер го покажа импресивниот арсенал за борба против Зика и напиша: „Ако некој во (олимпиското) село заборавил да спакува средство против инсекти, нека дојде кај мене… #МинистерствоЗаОдбрана #ОтпорноНаЗика“. Таа, исто така, објави самослик како носи марама на лицето и заштитна маска со огромно шише со средство против инсекти.

    Соло првин беше против одење на Олимписките игри во Рио, но во мај се предомисли и кажа дека ќе оди во Бразил, но дека, најверојатно, нема да излегува од хотелската соба, освен за тренинзи и натпревари.
    За разлика од другите спортови, фудбалерите ќе патуваат низ Бразил за натпреварите од Олимписките игри и нема да престојуваат само во Рио де Жаниеро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари