ФЕДЕРЕР ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА БЕЗ ОЛИМПИСКО ЗЛАТО ВО СИНГЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:34:"Лондон,(Јуроспорт)

    ФЕДЕРЕР ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА БЕЗ ОЛИМПИСКО ЗЛАТО ВО СИНГЛ

    Роже Федерер стигна до полуфиналето на Вимблдон каде изгуби од Милош Раониќ, но 17-кратниот освојувач на гренд слем титули правеше операција на коленото во февруари поради што мораше да го пропушти Ролан Гарос.
    Ова беше првиот гренд слем на кој 34-годишниот Швајцарец не се натпреварувал од 1998 година наваму, но сега соопшти дека нема да учествува ни на Ју-Ес Опен, а исто така ќе ја пропушти и Олимпијадата во Рио следниот месец, со што згаснуваат надежите дека некогаш ќе освои злато во сингл, иако го освои во двојки во Пекинг во 2008 година со Стан Вавринка.
    Федерер рече дека ја донел оваа одлука откако се советувал со докторите и дека планира да ја продолжи кариерата колку што може подолго.
    „Драги обожаватели“, напишта тој на неговата Фејсбук страница, „Многу сум разочаран што морам да соопштам дека нема да можам да ја претставувам Швајцарија на Олимписките игри во Рио и дека исто така ќе го пропуштам остатокот од сезоната. Откако ги зедов предвид сите опции по консултацијата со моите доктори и мојот тим, ја донесов тешката одлука да ставам крај на мојата сезона 2016 и дека ми треба подолга рехабилитација по операцијата на коленото што ја направив во почетокот на годината. Докторите ме советуваа дека ако сакам да играм на турнирите на АТП без повреда во наредните неколку години, како што планирам, мора да ги одморам и коленото и телото за да можам целосно да закрепнам.“
    Федерер освои сребрен медал во сингл на Олимпијадата во Лондон во 2012 година кога изгуби во финалето од домашниот фаворит Енди Мареј.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари