ИСТРАЖУВАМЕ: ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ОТКРИЕМЕ ДАЛИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ВОЗАЧИ СЕ ЛОШИ ИЛИ ИСПИТНИТЕ КОМИСИИ НАМЕРНО ГИ ПАЃААТ

    ИСТРАЖУВАМЕ: ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ОТКРИЕМЕ ДАЛИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ВОЗАЧИ СЕ ЛОШИ ИЛИ ИСПИТНИТЕ КОМИСИИ НАМЕРНО ГИ ПАЃААТМногу ретко се случува кандидат да положи од прва за возачка дозвола и потоа се принудени уште по неколкупати да плаќаат за полагање, а често и за дополнителни часови. (Фото: СДК.МК)

    Ве повикуваме да го споделите своето искуство со нас, за да ни помогнете во претстојното истражување за работата на испитните комисии за полагање за возачка дозвола и на автошколите.

    Исклучително ретко се случува некој кандидат да положи од прва за возачка дозвола. Тие што сакаат да станат возачи се принудени уште по неколку пати да плаќаат за полагање, а често и за дополнителни часови.

    Целта ни е да истражиме дали кандидатите се слаби и заслужено паѓаат по неколкупати, или испитните комисии намерно ги туркаат од финансиски причини.

    Прашањето е особено чувствително периодов, по неколкуте собраќајки со жртви прегазени на пешачки премин, што ја вознемирија јавноста. Затоа, редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК категорично изјавува дека не смета оти испитните комисии треба да замижуваат и да ги пуштаат неспособните кандидати да положат.

    За да го споделите вашето искуство, пополнете го овој формулар (Податоците што ќе ги внесете се доверливи и безбедни и вашата анонимност ќе биде зачувана ако така сакате):

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира