ДА ЈА СПАСИМЕ ШУМАТА ВО ЈАНКОВЕЦ ОД ВЛАДИКАТА ПЕТАР, АПЕЛИРААТ ЖИТЕЛИТЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:43:"Ресен,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДА ЈА СПАСИМЕ ШУМАТА ВО ЈАНКОВЕЦ ОД ВЛАДИКАТА ПЕТАР, АПЕЛИРААТ ЖИТЕЛИТЕ

    Жители на ресенското  село Јанковец обвинуваат дека Преспанско-пелагониниската епархија, преводена од владиката Петар, планира да врши масовна сеча на манастирската шума во атарот на селото, поточно во коријата на манастирот „Света Богородица“. На одржаниот состанок деновиве, тие составија ииницијативен одбор кој, според соопштението објавено на социјалните мрежи, зазеде цврст став дека сечата на таа шума ќе биде погубна за Јанковец.

    „Сите ние знаеме што претставува тој заштитен појас од густа дабова шума за нашето место. Заканата од масовната сеча ќе донесе поплави од невидени размери, кои се закана за 70% од куќите кои се во доменот на сливното подрачје. Исто така, таа шума претставува штит од силните ветришта кои се постојани и многу силни, претежно во зимскиот период. Да не заборавиме за штетата која ќе ја предизвикаат камионите, товарени по 50 тона, на и така трошната и дотраена патна инфраструктура во селото“, пишува во соопштението на  иницијативниот одбор.

    Жителите од Јанковец посочуваат дека  пред една недела во коријата дошле луѓе кои се претставиле како шумски инженери од Скопје. Рекле дека доаѓаат во име на Преспанско-пелагониската епархија  и имаат намера да ја сечат манастирската шума, па  побарале средба со месното население да разговараат за актуелниов проблем.

    „Сечата нема да донесе штета само локално, туку ќе настане огромна промена и на микроклимата, не само во Јанковец, туку и во целата околија.Затоа, ги повикуваме сите жители од Преспа во четврток во 18 часот, да присуствуваат масовно на состанокот кој ќе се оддржи со претставниците на МПЦ, во салата до училиштето во село Јанковец. Само со масовност може да се спречи ова“, пишува во соопштението.

    Владиката Петар во телефонски разговор за САКАМ ДА КАЖАМ.МК вели дека не се работи за масовна сеча. Тој објаснува дека шумата е во сопственост на манастирот, па ако сечат тоа ќе биде за потребите на храмот, онолку колку им е дозволено според законот. Воедно, Петар прашува каде биле жителите да ја заштитат шумата во последниве десет години кога дивите сечачи направиле пустош.

    „Никој не застана на патот на дивосечачите кои влегоа во шумата по 20 до 30 метри бочно и ги исекоа дрвјата. Од кого сега ја пштитат шумата, од домаќините? Каде беа за овие десет години кога се направи пустош, ова ми дава сомнеж дела можеби некои од нив се вмешани во сечењето“, вели владиката Петар.

    Тој додава дека ќе одат на лице место да проценат колкави  штети ѝ се нанесени на шумата од дивите сечи.

    Шумски инспектори велат дека сопственикот може да сече во својата шума ако достави целосна документација до „Македонски шуми“ , а од таму стручни лица излегуваат на терен и проценуваат дали да се даде дозвола или не. Од шумската подружница „Преспа-Ресен“ велат дека кај нив досега не стигнало барање за сеча и обележување на границите до каде ќе се сече.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира