ИЗЛЕГУВАМЕ ОД КОМФОРНАТА ЗОНА, ЕФЕКТИТЕ НА ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ СЕ СÈ ПООЧИГЛЕДНИ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИТЕ КЛИМАТОЛОЗИ

    ИЗЛЕГУВАМЕ ОД КОМФОРНАТА ЗОНА, ЕФЕКТИТЕ НА ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ СЕ СÈ ПООЧИГЛЕДНИ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИТЕ КЛИМАТОЛОЗИРајна минатото лето се претвори во бразда среде една од најголемите суши во последните 500 години (Фото: АП)

    Ефектите на глобалното затоплување, како шумски пожари, рестрикции на водата и пропаднати жетви, стануваат сè поочигледни, вели Германската метеоролошка служба (ДВД) во својот климатолошки извештај за 2022.

    „Излегуваме од комфорната зона“, изјави шефот на ДВД, Андреас Бекер.

    Тој ги посочи екстремните жешки бранови, рекордните периоди на сончево време и постојаните сушни услови како индикатори дека 2022 била една од најтоплите години откако се вршат мерења, не само во Германија, туку и во цела Европа.

    „Неколку германски општини беа принудени да воведат ограничувања во користењето на вода за пиење минатото лето“, кажа Бекер.

    Според институтот „Роберт Кох“, жешките летни бранови резултирале со 4.500 смртни случаи во 2022.

    „Вреди да се бориме за секоја десетина степен“, заклучи Бекер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира