ЧОВЕШТВОТО Е НА ТЕНОК МРАЗ, НО СÈ УШТЕ ИМА ШАНСА, СЕ ВЕЛИ ВО НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    ЧОВЕШТВОТО Е НА ТЕНОК МРАЗ, НО СÈ УШТЕ ИМА ШАНСА, СЕ ВЕЛИ ВО НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИКлиматолозите предупредуваат дека клучната цел за глобалните температури веројатно нема да биде постигната (Фото: Гети)

    Човештвото и натаму има шанса, можеби последна, да го избегне најлошото од идните штети предизвикани од климатските промени, заклучија научниците од Меѓувладиниот панел за климатски промени, кои се состанаа во Швајцарија за да ги изнесат своите финални ставови. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го опиша нивниот извештај како „водич за преживување на човештвото“.

    Чистите енергија и технологија треба да се искористат за да се избегнат растечките климатски промени“, стои во извештајот.

    За да се избегнат катастрофалните последици, јаглеродното загадување мора да се намали за две третини до 2035 година, но климатолозите предупредуваат дека клучната цел за глобалните температури веројатно нема да биде постигната.

    Човештвото е на тенок мраз и тој мраз се топи брзо. На нашиот свет му треба климатска акција на сите фронтови. Сè, секаде, одеднаш“, изјави Гутереш, алудирајќи на насловот на филмот кој неодамна освои седум оскари.

    Владите претходно се согласија да дејствуваат за да го спречат порастот на глобалните температури над 1,5 Целзиусови степени, но светот веќе се загреал за 1,1 степен и научниците сметаат дека границата од 1,5 степени ќе биде пробиена во следната деценија.

    Се очекува малите острови во Пацификот да бидат најтешко погодени од климатските промени. Научниците велат дека до 2100 година, екстремните крајбрежни поплави ќе се случуваат секоја година на половина од местата каде што се следи порастот на нивото на морето.

    „Концентрациите на јаглероден диоксид во атмосферата се највисоки во последните два милиона години. Светот сега е потопол од кога било во изминатите 125.000 години и ќе стане уште потопол во следната деценија. Ако целиме кон 1,5 степени и постигнеме 1,6, и тоа ќе биде многу подобро отколку уште сега да се предадеме“, изјави Фридерике Ото, еден од научниците кој учествуваше во создавањето на извештајот. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира