ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА МЛАДИТЕ ЕКОЛОГИСТИ ОД МОНТАНА, СУДОТ ПРЕСУДИ ДЕКА ДРЖАВАТА ИМ ГО КРШИ УСТАВНОТО ПРАВО НА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

    ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА МЛАДИТЕ ЕКОЛОГИСТИ ОД МОНТАНА, СУДОТ ПРЕСУДИ ДЕКА ДРЖАВАТА ИМ ГО КРШИ УСТАВНОТО ПРАВО НА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНАТужители во случајот беа 16 млади на возраст од пет фо 22 години (Фото: АП)

    Младите еколошки активисти од американската сојузна држава Монтана постигнаа она што експертите го опишаа како револуционерна правна победа, откако судот пресуди дека државните агенции го кршат нивното уставно право на чиста и здрава животна средина така што продолжуваат со развојот на фосилните горива. Ова е прва пресуда од ваков тип во САД и се надоврзува на мал број судски одлуки низ светот со кои владите се обврзуваат да ги штитат своите граѓани од климатските промени.

    Тужбата била поднесена од 16 млади на возраст од пет до 22 години. Ако опстане, пресудата би можела да стане правен преседан, иако државните институции најавија дека ќе се обидат да ја обжалат.

    Судијката Кети Сили заклучи дека процедурите што државата ги користи при оценувањето на барањата за дозволи за фосилни горива се неуставни, бидејќи агенциите не ги земат предвид емисиите на стакленичките гасови.

    Ова е првпат американски суд да донесе пресуда против владата за нарушување на уставно право врз основа на климатските промени. Да бидеме јасни, ова е државен, а на федерален суд и пресудата е заснована врз државен, а не федералниот устав, но ова сепак е голема победа и основа за идни слични тужби“, изјави Ричард Лазарус, професорот на правната школа Харвард.

    Судијката го отфрли аргументот на државата дека штетните емисии во Монтана се незначителни, велејќи дека тие се суштински фактор на климатските промени. За време на двонеделното судење, тужителите презентираа докази дека зголемените емисии на јаглеродниот диоксид водат кон потопли температури, повеќе суши и топење на глечерите, додавајќи дека сите овие промени влијаат врз нивното физичко и ментално здравје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира