СВЕТОТ ЌЕ БИДЕ ПОТОПОЛ ЗА ТРИ СТЕПЕНИ ДО КРАЈ НА ВЕКОВ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИТЕ КЛИМАТОЛОЗИ

    СВЕТОТ ЌЕ БИДЕ ПОТОПОЛ ЗА ТРИ СТЕПЕНИ ДО КРАЈ НА ВЕКОВ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИТЕ КЛИМАТОЛОЗИХамбург е домаќин на Конференцијата за екстремно време (Фото: ДПА)

    Германските климатолози предупредуваат дека последиците од климатските промени ќе имаат огромно влијание врз животот на Земјата, посочувајќи го рекордниот број на екстремни временски настани оваа година, како поплави, топлотни бранови и шумски пожари. Можноста да се стабилизира климата со релативно малку напори е пропуштена, рекоа експертите на почетокот на Конференцијата за екстремно време во Хамбург.

    Мора да прифатиме дека границата од 1,5 Целзиусови степени ќе биде надмината. Тоа значи дека Парискиот договор е фактички пропаднат. Тоа исто така значи дека само со огромни напори ќе биде можно да се задржи загревањето под два степена. Моментално, се движиме кон свет потопол за три степени до крајот на векот“, изјави Јохем Мароцке, шефот на Институтот за метеорологија „Макс Планк“.

    На конференцијата во Париз во 2015 светските лидери договорија ограничување на глобалното загревање до 1,5 Целзиусови степени со цел да се избегнат најлошите ефекти на климатските промени.

    Никогаш досега не сме имале така високи температури на воздухот и водата како оваа година. Сѐ уште се свежи ужасните слики од сериозните временски катастрофи во Грција, Бугарија, Турција и Либија. Меѓународните истражувања на климата јасно укажуваат на тоа дека секое натамошно глобално загревање ќе доведе до забрзан пораст на природни катастрофи“, соопштија на конференцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира