КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ СЕ РЕАЛНОСТ И ВО МАКЕДОНИЈА, НО НАУЧНИЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ИМА УШТЕ НАДЕЖ ЗА СВЕТОТ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ СЕ РЕАЛНОСТ И ВО МАКЕДОНИЈА, НО НАУЧНИЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ИМА УШТЕ НАДЕЖ ЗА СВЕТОТ (ФОТОГАЛЕРИЈА)Влијанието на климатските промени во Македонија е особено видливо на Преспанското Езеро (Фото: СДК.МК)

    Климатските промени е она за што најмногу се зборува во последните години. Научниците советуваат што треба да се прави за да се сопрат или ублажат, политичарите навидум покажуваат волја да го спроведат тоа, но потребите на брзорастечкиот свет ги поништуваат нивните напори. Природата страда, но природата и безмилосно го возвраќа ударот.

    Научниците од Меѓувладиниот панел за климатски промени лани надежно заклучија дека човештвото и натаму има шанса, можеби последна, да го избегне најлошото од идните штети предизвикани од климатските промени. Владите претходно се согласија да дејствуваат за да го спречат порастот на глобалните температури над 1,5 Целзиусови степени, но светот веќе се загреал за 1,1 степен и научниците сметаат дека границата од 1,5 степени ќе биде пробиена во следната деценија.

    Изминатата година била најтоплата досега поради климатските промени предизвикани од човекот и дополнително поттикнато од природниот временски феномен Ел Нињо. Научниците сметаат дека 2024 би можела да биде уште потопла, особено што во изминатите месеци постојано се соборуваа температурните рекорди.

    За да се избегнат катастрофалните последици, јаглеродното загадување мора да се намали за две третини до 2035, но климатолозите предупредуваат дека клучната цел за глобалните температури веројатно нема да биде постигната.

    РЕК „Битола“ бил најголемиот загадувач на Западен Балкан во 2022 (Фото; СДК.МК)

    Преспанскиот Регион е еден од најпогодените од климатските промени на Балканот, а најзагрозено е производството на преспанското јаболко (Фото: СДК.МК)

    И македонските деца се приклучуваа на протестите „Петоци за иднината“ (Фото: СДК.МК)

    Водостојот на Преспанското Езеро на периоди беше и пет метри под нормалниот (Фото: СДК.МК)

    Се празнат браните во Источна Македонија, Мантово кај Радовиш е на најниското водно ниво од изградбата во 1978 (Фото: СДК.МК)

    Се зголемува просечниот истек од акумулацијата „Стрежево“, особено за земјоделството поради покачувањето на просечните температури (Фото: СДК.МК)

    Експертите велат дека се потребни 4.000 години за да се обнови Преспанското Езеро (Фото: СДК.МК)

    Птици одмораат на островите од земја и камења во Преспанското Езеро настанати поради нискиот водостој (Фото: СДК.МК)

    Приносите на оризот лани биле помали за над 30 отсто поради високите температури и недостигот на дождови (Фото: СДК.МК)

    Нерамнотежата на врнежите, намалувањето на површините со сезонска снежна покривка, намалениот квалитет на почвата и сушата водат кон драматичен пад на земјоделското производство (Фото: СДК.МК)

    Порано се собирале 100 кила мед од една кошница, а сега едвај 30 поради климатските промени (Фото: СДК.МК)

    „Еко-свест“ и МАНУ подготвија студија за детектирање на најдобрите локации за изградба на соларни и ветерни централи во Македонија (Фото: СДК.МК)

    Жителите на селата од реонот на Маврово протестираат против уништувањето на шумите во НП „Маврово“ (Фото: СДК.МК)

    Активисти од Струмичко протестираат против отворање на рудникот Иловица (Фото: СДК.МК)

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира